Кога здравиот начин на исхрана станува приоритет, само тогаш може да се дојде до ниво на вистинско и безболно уживање во храната.
Сето она во кое луѓето сакаат да уживаат, а не е здраво: торти, кремови, пици, теста – со кето начинот на исхрана станува возможно, а притоа добивате вистинска храна, која го снабдува вашиот организам со потребните нутриенти!
Нашите рецепти се испробани во пракса и се формулирани за да бидат целосен оброк. Тоа значи дека ако јадете кето колачиња, тие ќе бидат со добар сооднос на протеини и масти, ќе изобилуваат со диетални влакна и минерали. Колку необично, јадеш торта и не го согоруваш својот организам со тоа, напротив дури и внесуваш минерали.
Во оваа рубрика – „КЕТО РЕЦЕПТИ“, ќе пронајдете најразновидни но здрави – солени и благи оброци. (Со правилно кето и благото може да биде оброк!)
Ве поттикнуваме да нѝ испраќате фотографии од кето оброците кои ги припремивте – да ја споделиме убавината со светот!
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
КЕТО РЕЦЕПТИ: