Здравиот начин на живот е револуционерен чин:
Што го нарушува Твоето хормонално здравје?
Живееме во ера каде што да бидеш здрав, витален и со оптимален хормонален статус не е прашање на генетика, туку прашање на отпор. Ако се препуштиш на струјата на модерното општество, на понудата во супермаркетите и на секојдневните навики кои се сметаат за „нормални“, ти свесно потпишуваш капитулација на сопственото здравје.
Денес, хормоналниот дисбаланс е пандемија. Масовниот пад на тестостеронот кај мажите и хормоналниот дисбаланс кај жените не се случајност. Најголемиот проблем не е во самите хормони, туку превидот на причините и слепото верување во лабораториските норми кои треба да нè заштитат, а всушност само го мерат сè понездравиот просек на популацијата.
Важно е да се разбере: ова предавање не е наменето само за мажи.
Иако главниот фокус е ставен на тестостеронот, сите подмолни фактори од околината што ги обработуваме – од оксидативниот стрес и токсините во храната, па сè до лажни фитнес суплементи и прекумерен кофеин – подеднакво го уништуваат и женскиот организам, водејќи до хормонален дисбаланс, замор, анксиозност, депримираност и нарушена виталност.
Во ова предавање ги кршиме лажните основи на кои нè учеа и ги заменуваме со исправни биолошки принципи. Ги споделувам и моите лични резултати постинати по години специјализирана работа, со кои го рушиме митот дека телото мора неизбежно да пропаѓа со годините.
Погледнете го целото видео, одбијте го нападот од модерната околина и вратете ја хормоналната хармонија во сопственото тело:
Доколку сте подготвени да преземете лична одговорност, да ставите крај на лутањето и да изградите тело кое е силно и во топ форма, погледнете ги нашите персонализирани програми на Мускултура. Тука сме за да ви помогнеме во процесот.
